Прогнози на Saxo Bank: Изедначување на двете влијателни валути, крах на биткоинот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Економските прогнози за 2018 година кои ги објави данската инвестициска банка специјализирана за интернет трговија, Saxo Bank, се едни од попесимистичките и попровокативни предвидувања, пренесува Банкарство.мк.

Што е она кое ќе ги разниша пазарите во 2018 година? Помеѓу главните предвидувања кои предизвикаа бурни реакција се најде и предвидувањето за една од најзборуваните теми во 2017 година- Биткоинот. Додека сите се прашуваат што е она кое следно треба да го очекуваат од оваа криптовалута Saxo Bank вели дека драмата само ќе продолжи и ќе се засили. Се очекува неговата вредност да достигне 60.000 долари и во моментите кога неговиот пазарен капитал ќе е поголем од неколку илјадници милијарди долари ќе се случи најголемиот крах на Биткоинот и истиот ќе падне на вредност од околу 1000 долари. Истовремено, Кина и Русија, во најголема мера, ќе го забранат Биткоинот.

Во однос на вредноста на валутите предвидувањата велат дека еврото ќе изгуби голем дел од својата вредност и ќе се израмни со доларот чија моментална положба не е баш најдобра. Златните времиња на валутите ќе бидат едноставно заборавени.

Слична реприза на црниот понеделник од 1987 година ќе го очекува Wall Street следната година. Saxo Bank предвидува пад од 25% во еден ден.

Оваа едиција на предвидувања за следната година изгледаат застрашувачки уште пред да се исполнат. Дали тоа навистина ќе се случи и што следно ќе биде предизвикано останува да покаже времето.