Прогноза за последниот јулски петок


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер поизразен вдолж Повардарието и кон источните делови.

Минималните температури ќе се движат од од 9 до 19 степени Целзиусови, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Температурата од 15 до 30 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно сончево и се потопло време со постепен пораст на дневната температура. Најтопло време се очекува кон средината на следната работна недела.