Прогноза за последниот февруарски понеделник


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сосема сончево време не очекуваме ниту во последниот понеделник од овој февруари. Утрото ќе биде пооблачно во однос на останатиот дел од денот.

Локално низ котлините, особено оваа облачност ќе остане и во добар дел од претпладнето. Во источниот крај разведрувањето ќе биде нешто побрзо, па таму веќе околу пладне можеме да очекуваме повеќе сончево отколку облачно време.

Ветерот во текот на денот ќе биде сосема слаб, а ќе дува од југоисток.
Токму облачноста ќе биде еден од факторите што утрото нема да да биде особено студено. Минималната температура низ котлините ќе има вредност помеѓу 0 и 5 степени   .

Денот ќе биде потопол во однос на недела. Очекуваме највисоката вредност на температурата до биде во границите помеѓу 13 и 16 степени низ котлините во северниот и источниот крај. Малку пооблачното време на југозапад ќе значи и малку посвежо време со максимална температура до околу 12 Целзиусови, а на југоисток околу 18 степени.

Скопската котлина очекува делумно облачно време наутро и рано претпладне. Потоа следува период со долги сончеви периоди. Очекуваме температура која ќе има дневно колебање од минимални 1 степен до максимални 16 степени.