Прогноза на ММФ: Зголемување на глобалниот економски раст за 0,2 отсто


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Економскиот раст на глобално ниво оваа година и следната ќе бидат подобри од претходно очекуваното, оценува Меѓународниот монетарен фонд.

Прогнозираната стапка на глобален економски раст, аналитичарите на ММФ ја зголемија за 0,2 отсто на 3,9.

„Причина за овие оптимистички прогнози за економскиот раст се очекуваните резултати од неодамнешната даночна реформа во САД“, изјави економскиот советник и директор за истражувања на ММФ, Морис Обстфелд во пресрет на почетокот на Светскиот економски форум во Давос.

ММФ очекува воедначен економски раст во повеќето држави од светот.