Живот

Прогласена е за најфит жена на светот, а овие се работите кои треба да ги практикувате за тоа!


Натпреварот опфати предизвици во аеробик, дигање на тегови, прескокнување препреки и пливање. Не е се во вежбањето во теретана, туку многу важен е начинот на живот и добро избалансираната исхрана.

„Тоа што сум прогласена за најфит жена на светот е само признаница за мојот труд дека  не бил залуден“ вели таа.

A post shared by Tia-Clair Toomey (@tiaclair1) on

Како и секој професионален атлетичар, таа знае дека не се случува се во теретаната и таа верува дека ние сме тоа што јадеме. Внесува голема количина на овошје и зеленчук и следи макроисхрана, а тоа и дозволува да следи што јади.

За неа е важен одморот после напорното вежбање. Секогаш се труди да спие 7 до 8 часа, а за полесно да заспие слуша музика која релаксира.

Оваа успешна атлетичкарка не се споредува со другите и не и завидува на конкуренцијата, туку им се диви на луѓето кои водат здрав живот.

A post shared by Tia-Clair Toomey (@tiaclair1) on

За професионалните атлетичари цела работа и труд се сведува на теретаната, но многу важно е она што се случува надвор од тие ѕидови. Таа обожава долги прошетки со своето куче, кампување и слично. Се труди нејзините тренинзи да бидат разновидни и внимава на тоа тие да не бидат досадни.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top