„Проектил“ од Автокоманда: Дувњак доаѓа во Металург?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите Хрватски ракометари би можел да го облече дресот на клубот од Автокоманда.

Човекот кој стои зад сето ова очекувано е Лино Червар кој сака да му помогне на клубот со доведување на вистински лидер помеѓу ракоментарите на теренот.

Се очекува Дувњак веднаш после рехабилитацијата од повредата да му се приклучи на Металург. Хрватот одлучи да направи операција на коленото да ја отстрани повредата, предувањата беа дека надвор од терените би бил околку шест месеци.

Оперативниот зафат беше направен минатиот месец, што значи дека Дувњак би немал многу време да ја подигне формата пред Европското првенство кое се одржува токму во Хрватска во јануари.

Како што сега стојат работите веројатно Октомври е месецот кога тој би можел да се врати на терените, а и да пристигне во Автокоманда. Со доведувањето на еден ваков ракоментар секако дека и амбициите на Металург ќе се зголемат.