Продолжува судењето на Заев за „Поткуп“ – денес во судница клучниот сведок


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, во Основниот суд Скопје 1, треба да продолжи судењето за случајот „Поткуп”, во кое првообвинет е премиерот Зоран Заев.

На денешното рочиште предвидено е исказ да даде клучниот сведок, бизнисменот од Струмица, Иван Николов Сачевалиев кој тврди дека Заев му побарал поткуп. Тој на минатото рочиште не се појави во судница, поради неуредна достава на поканата.

Премиерот Заев на минатото судско рочиште изјави дека не се чувствува виновен за обвинението дека примил поткуп.

Судот ја прифати како доказ и видео снимката објавена на Јутјуб со образлоежние дека е прибавена на законски начин со соодветна судска наредба.

Според обвинителството Заев во својство на градоначалник на Струмица во 2013 година побарал поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов од приближно 160.000 евра за приватизација на градежно земјиште.