Актуелно

Продолжува притворот за 29 лица во врска со крвавиот 27-ми април


Денес, во Основниот суд Скопје 1, од страна на Кривичниот совет, беше продолжен притворот за 29 лица во врска со настаните од 27 април во македонското Собрание.

На 23 лица им е продолжен притворот од 30 дена, на четири лица им е продолжен домашниот притвор, а на две лица мерката притвор им е заменета со куќен притвор. Против ваквите решенија дозволена е жалба до Апелациониот суд во рок од 48 часа.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение наведе дека Судот и Oбвинителството мора да бидат свесни дека со продолжувањето на мерката притвор тие се соучесници во политичката пресметка и прогонот, посочувајќи дека неправедно се притворени невини луѓе поради политичка одмазда.

„Прогонот и политичките пресметки мора да прекинат уште веднаш. Само на тој начин ќе докажеме дека Република Македонија има демократски капацитети, а правосудниот систем оди во права насока“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top