Продажбата се одложува, но плановите се исти: Милан спреми 150 милиони за трансфери!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вчера главна тема на Апенините беше одложувањето на продажбата на Милан, бидејќи кинескиот конзорциум не успеа на време да ги префрли парите од Кина во Италија.

Последните информации говорат дека е постигнат нов договор и дека Кинезите ќе имаат рок уште 30 дена за да ја префрлат последната транша од 320 милиони евра за да се комплетира продажбата.

Иако целата работа се оддолжи неколку месеци и фановите се загрижени за иднината на клубот, сепак извори блиски до новите соптвеници потврдуваат дека плановите остануваат исти и дека Кинезите ќе влозат 150 милиони во засилувања на лето и додатни 200 милиони наредната година.

Медиумите откриваат дека главни желби на „росонерите“ во летниот преоден рок ќе бидат двете ѕвезди на Реал Мадрид, Алваро Мората и Иско.

Репрезентативците на Шпанија имаат ограничена минутажа во Реал, често ја греат клупата, па управата на Милан сака да ја искористи оваа ситуација.

„Росонерите“ сигурно сакаат да донесат една голема ѕвезда во нападот, а на списокот се уште и Алексис Санчез и Кун Агуеро.