Приведениот државен советник во МВР Симоновски осомничен за оддавање службена тајна


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кривичниот суд му изрече мерки за претпазливост одземање на пасош, обврска за редовно појавување пред суд, забрана за вршење работни активности и забрана да не го напушта градот на живеење на Драган Симоновски, вработен како државен советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи, Оливер Спсовски, кој беше уапсен под сомнение за злоупотреба на службената должност.

Симоновски е осомничен дека оддал службена тајна, односно на осомничена во случај на МВР во една од скопските болници ѝ кажал дека нејзините активности се следат и нејзиниот телефон е под посебни истражни мерки, како и дека може да бидат употребени други мерки против неа.

„На директен начин лицето ја пренело службената тајна потенцирајќи дека над нејзе е во тек примена на посебна истражна мерка што е причина за нивната средба и тоа посебна истражна мерка со која се следат нејзините телефонски броеви и дека над истата се применува мерка следење предупредувајќи ја да престане да го прави тоа што го прави и да биде внимателна“, се наведува во соопштението.

Министерот за Внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека очекува институциите да го расветлат овој случај и дека не смее да има било каква толеранција.

„Денеска е поднесена кривична пријава против Д.С., кој е член на мојот Кабинет. Станува збор за сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба. Очекувам многу скоро во законски утврдена постапка, сомнежот да биде потврден или отфрлен. Оддавање на службена тајна загрозување и наштетување на кривична истрага се казниви дела. МВР нема да толерира загрозување на истраги. Ова е пораката за секој кој има намера да соработува или да учествува во криминал, без оглед на позицијата која ја има во општеството и институциите“, рече Спасовски на куста прес-конференција ден по апсењето на неговиот советник.

Од Обвинителството претходно потврдија дека го презеле случајот и работат на него.

„Надлежен јавен обвинител оценувајќи дека се исполнети законските услови до судија на предходна постапка поднесе Предлог за определување на мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, задолжително јавување пред надлежен орган, привремено одземање на патна исправа, забрана за издавање на нова патна исправа и забрана за преземање одредени работни активности што се поврзани со кривичното дело, соопштија од Обвинителството.

Полицискиот службеник подолг период работи во МВР, тој бил приведен во полициската станица Кисела Вода. Станува збор за долгогодишен припадник на МВР кој од влегувањето на Спасовски во министерскиот кабинет во техничката влада е назначен и за советник. Бил и во комисијата на МВР за надзор на приватните агенции за обезбедување.