Притвор за пратениците Мукоски и Арнаудов


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Судија на претходна постапка им изрече мерка притвор на пратениците Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски по извршениот распит во кривичниот суд во Скопје. По одлуката на судот, тие со лисици на рацете беа спроведени во Истражниот затвор „Скопје“, пренесува „Макфакс“.

Се очекуваат одлуки и за другите четворица пратеници, кои утринава дојдоа на распит во судот за настаните во Собранието на 27 април. На распит во судот беа повикани Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Сашо Василевски, Крсто Муковски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски.

Тие се дел од 36-те лица што Основното јавно обвинителство ги гони за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.