Притвор за педофилот од Пробиштип за сексуална злоупотреба на девојче


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дваесет и пет дена притвор заработи 25 годишен пробиштипјанец кој уценувал и извршил обљуба над единаесетгодишно девојче.

Дејството на грозоморниот чин се случувало во неговиот стан. Мажот и девојчето во текот на летото се запознале на фејсбук. После неколку разговори на телефон и пишувања на фејсбук започнале да остваруваат средби откако девојчето решило да не му возврака на повиците, тој почнал да и се заканува дека фотографијата со подигната горна маица што ја сликал со неговиот телефон ќе ја објави на Фејсбук.

Пред два дена случајот во полиција го пријавил нејзиниот татко, откако во нејзиниот мобилен телефон ја пронашол фотографијата со компромитирачката содржина.