Славни

Принова во кланот Кардашијан/Џенер – се породи славната сестра


Славната реалити ѕвезда Кајли Џенер конечно го потврди и соопшти она што јавноста долго го очекуваше.

На први февруари таа и нејзиниот партнер, раперот Тревис Скот станаа родители. Кајли Џенер на свет донесе девојче.

„Разбирам дека сте навикнати на тоа да ве водам низ сите мои патувања, но мојата бременост беше едно патување кое избрав да не го правам пред светот. Знаев дека треба да се подготвам за оваа животна улога на начин кој е позитивен, здрав и без стрес“, напиша Џенер на својот Instagram профил, а воедно сподели и кратко емотивно видео, на кое се прикажани неколку моменти од целата бременост.

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

Џенер од почетокот, па сè до крајот на својата бременост, не даде никаков коментар за медиумите и вешто се криеше од папараците.

Мистеријата околу нејзината бременост отиде до таму што некои започнаа да шпекулираа дека таа е сурогат мајката на бебето кое го добија Ким и Каније.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top