Вебкафе

Приказната зад оваа фотографија ќе ве воодушеви и трогне до солзи


Фотографијата на која еден стар брачен пар јаде во еден американски ресторан предизвика восхит и воодушевување на интернет.

Откако беше поставена на популарната Фејсбук страна Love What Matters, фотографијата стана голем хит на социјалните мрежи. На неа се еден постар маж и неговата сопруга.

Авторот на фотографијата поразговарал со старецот кој му кажал дека негова сопруга има Алцхајмерова болест и дека, ако поживее уште некој месец, во јуни ќе одбележат 75-годишнина од бракот.

„Целиот свој живот копнеев за таква силна љубов“, напиша авторот кој подоцна дозна дека овој грижлив старец има 96 години, а неговата сопруга 93.

„Да стигнеш до крајот на патот со личноста со која си го започнал патувањето е една од најпрекрасните ствари на светот“, стои во еден од коментарите на фотографијата.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top