Причини поради кои никогаш не треба да го запрете кивањето

запрете кивањето

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реален пример за тоа што може да предизвика кивањето е човекот кој од толку силно кивање си го оштетил грлото и одвај зборувал.

Но и на помалку екстремните случаи, повредите се неизбежни. Се случува да има испукани капилари и слично. Затнувањето на носот во некои екстремни случаи може да доведе до тешко оштетување на грлото. На ова предупредуваат лекарите откако имало случај на сериозна повреда кај Британец кој пробал да го запре кивањето.

„Пациентот беше пуштен на домашно лекување, но предупреден е и да не пробува повторно да го запре кивањето“, пренесува Сан. „Запирањето со затнување на ноздрите е многу опасно и не треба да се применува“, наведуваат во списанието.

Киваме со 160 km/h

Додека киваме, воздухот низ нашите ноздри поминува со 160 километри на час. Ако го запреме кивањето целиот притисок оди во некој друг дел од телото, и може да го надразне. Со запирањето на кивањето може да дојде и до оштетување на тапанчињата во ушите, губење на слухот и слично. Дури може да се оштетат и капиларите во очите и да предизвика вртоглавица.