ПРЕВРТЕН НАСТРАНА А ВОЗИ: Еве како изгледа возењето во најчудното комбе на светот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И покрај неговиот чуден изглед, сопственикот вели дека неговиот „трипи типи хипи комби“, како што ја нарекува својата креација, може без проблем да достигне брзина од 160км/ч.

Ако се најдете во Вашингтон и налетате на превртено комбе кое вози по улица, без гајле, не халуциницирате и никој не ви ставил ништо во пијачката. Тоа е само полицаецот Џеф Блох во своето модифицирано комбе.

Тој од Фолксваген кампер ја исфрлил внатрешноста, а каросеријата ја поставил на друго возило, но така што изгледа како да е превртено настрана. Впечатокот да биде потполн, го поставил скроз ниско, така што тркалата скоро и не се гледаат.

„Минатиот викенд за првпат го испробавме и возењето буквално траеше цел викенд бидејќи не можевме да престанеме. Направивме со него 224 круга на патека од 3 километри. Во завоите дури и го свртивме на две тркала“, се фали иноваторот.

И покрај чудниот изум, Блох вели дека неговиот „трипи типи хипи комби“, како што ја нарекува својата креација, може без проблем да достигне брзина од 160км/ч, пишува Huffington Post.