Претставници на технолошкиот гигант на средба со Заев: Huawei влегува во Македонија?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Премиерот Зоран Заев, вчера прими во посета претставници на информатичката и телекомуникациска компанија HUAWEI од Кина.

Претставниците на компанијата изразија отворен интерес за интензивна соработка во сферата на развојот на информатичкото општество и новите информатички технологии во Република Македонија.

Тие го запознаа премиерот со потенцијалите на компанијата, како на глобално така и на локално ниво, и ја потенцираа подготвеноста да ги имплементираат своите планови и во насока на локалниот развој во земјава, преку инвестициските и иновативни стратегии на компанијата.

„Ние имаме голем интерес и желба да го модернизираме нашето општество, за што постои голема мотивација во целата влада. Ова може да биде одлична прилика да го отпочнеме тој процес на едно повисоко рамниште“, истакна премиерот Заев на средбата.

Премиерот во оваа прилика ги поздрави нивните намери и елан за понатамошно вложување во развојни капацитети во Македонија и ги охрабри таквата нивна намера да почнат да ја реализираат преку интензивирање на комуникацијата со Владата на Република Македонија, но и со локалните самоуправи во земјава.