Претставен проектот „Образование за идеи, пронајдоци и иновации за претприемништво“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Центарот за управување со знаење од Скопје го презентираше проектот „Образование за идеи, пронајдоци и иновации за претприемништво“. Во проектот И3, освен Центарот за управување со знаење, вклучени се уште пет партнерски организации од Бугарија, Грција, Албанија и Кипар.

Проектот е поддржан од Интерег Балканско Медитеранската програма 2014 – 2020 на Европската унија, а неговата приоритетна оска, како што гласи и името, се претприемништвото и иновациите. Целта е до 31. Јули 2019 да се промовира регионалниот развој, соработка и поддршка на конкурентноста на Балканско – медитеранската област преку развивање, воспоставување и промовирање на модел за претприемачко учење и трансфер на знаење за студенти и претприемачи.

Преку проектот ќе се воспостави соработка помеѓу партнерите и заинтересираните страни во проектот, односно институциите за обука и образование и бизнисот. Исто така проектот има за цел да ги зајакне економските и деловните односи меѓу заедниците, да поттикне економски развој, да создаде нови работни места и да ја поттикне конкурентноста на малите средните и микро претпријатија кои покриваат две третини од економијата на земјите учеснички во проектот . Притоа, ќе се промовира одржливиот развој на национално и транснационално ниво.
„Областите кои планираме да ги покриеме се информатичките технологии за кои сме задолжени ние од Центарот за управување со знаење, потоа енергијата од Кипарскиот институт за менаџмент, искуствените индустрии же бидат покриени од нашиот партнер од Бугарија, животната средина и еко индустријата од страна на албанскиот партнер и на крајот технологијата од грчкиот партнер. Во овие пет тематски области ќе го имплементираме И3 моделот на обука, односно идеи, инвенции и иновации.“, изјави д-р Андријана Богдановска, директор на Центарот за управување со знаење.