Спорт

Претседателот на ПСЖ: Други клубови нудеа повеќе пари за Мбапе


Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келафи исткна дека неговиот клуб не ги привлекол Килијан Мбапе исклучиво поради пари, бидејќи други клубови биле спремни да платат повеќе за него.

„Не беше лесно да го донесеме Мбапе. Тоа беше голема борба. Секој голем клуб го сакаше и беа спремни да платат повеќе пари. Меѓутоа, му го објаснивме проектот и амбициите на клубот. Мбапе е Парижанин, го носи клубот во срцето и сака да пишува историја овде“, истакна Келафи.

ПСЖ ова лето направи „бум“ на трансфер пазарот и потроши 400 милиони евра само за Мбапе и Нејмар, па другите клубови се бунат дека „светците“ го нарушуваат финансискиот фер-плеј.

„На другите клубови им порачувам да си ги гледаат нивните проекти, бидејќи нашиот проект е наша работа. ПСЖ целосно ги почитува правилата на финансискиот фер-плеј, веќе 5 години работиме на тоа и константно ги зголемувае приходите“, истакна претседателот на ПСЖ.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top