Актуелно

Претседателот Чичаковски и членовите Дума и Милев си поднесоа оставки од ДИК


Александар Чичаковски си поднесе оставка како Претседателот на Државната изборна комисијата. Тој побарал престанок на функцијата од морални причини.

Од Собранието велат дека до архивата се пристигнати и барањата за предвремен престанок на функцијата на членовите на ДИК предложени од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев.

Нивните оставки следуваат откако во јавноста американскиот амбасадор Бејли обелодени дека членовите на ДИК зеле бонус од четири плати за локалните избори. На последната седница тие најавија дека парите или ќе ги донираат или ќе ги вратат во буџетот.

Мандатот на овој состав на Комисијата истекува во 2020 година.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top