Филм / ТВ

Претпремиерно: Ѕирнете ги првите 3 минути од премиерата на осмата сезона од Walking Dead


Исечокот од три минути кој е објавен на YouTube е дел од премиерата на осмата сезона од планетарно популарната серија Walking Dead.

Серијата на малите екрани се враќа овој викенд, па исечокот од Mercy, насловот на првата епизода од новата сезона, му доаѓа како претпремиерно загревање на страстите од најпосветените фанови на оваа сериска франшиза.

Во видеото Рик им се обраќа на своите сојузници велејќи им дека лично тој ќе го убие Неган.

Првата епизода од осмата сезона во САД ќе биде прикажана на 22 октомври, а во Велика Британија ден подоцна.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top