Актуелно

Претепан Елвис Бајрам, градоначалникот на Шуто Оризари


Актуелниот градоначалник на скопската општина Шуто Орузари, кој воедно е и кандидат за истата функција на претстојните локални избори, Елвис Бајрам, и уште едно лице кое било со него, крвнички биле претепани со метални и дрвени прачки и попладнево од група насилници, објави НетПрес.

Според првичните информации до кои дојде Нетпрес, Бајрам бил во друштво со лицето Аднан Мемет, кое е дел од неговиот изборен штаб. Двајцата оделе во посета на жители на населбата Шуто оризари, како дел од предизборната кампања, и во 17.50 часот додека се движеле по улицата Гвадалахара, четири лица непознати, без никакви причина, физички го нападнале прво Аднан, а потоа и Бајрам. Откако со тупаници ги собориле на земја, почнале да ги удираат со клоци и со метални и дрвени прачки.

Од крвничкото тепање Елвис Бајрам паднал во безсознание. Веднаш бил одвезен во скопската градска боница „Осми септември“.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top