Актуелно

ПРЕСВРТ ВО МОНСТРУМ: Обвинителството бара укинување на доживотните пресуди!!!


Неверојатен пресврт се случи во случајот кој ја запрепасти македонската јавност „Монструм“ во кој на Велигден беа масакрирани група на момчиња на Смилковското езеро.

Обвинителката Лилјана Спасовска која го застапува обвинението во случајот „Монструм“ направи пресврт во Врховниот суд на денешната јавна седница откако побара судот да ги прифати жалбите на обвинетите и да ја укине првостепената и второстепената пресуда за петкратното убиство кај Смилковско езеро.

Спасовска појасни дека се издржани жалбите на обвинетите со кои се тврди дека се спорни материјалните докази, а исто така го оправдува и нивниот сомнеж за направените вештачења. Таа истакна дека ова не значи дека МВР не е способно да ги направи вештачењата или дека не ги извршило професионално, но штом одбраната се посомневала судот требало да овозможи вештачењата да ги направи и друга независна институција.

Исто така, таа додаде дека во првостепената и второстепената постапка било повредено клучното право, а тоа е правото на одбрана. -Одлуката на Врховен суд треба да ја обезбеди правната сигурност на граѓаните. Затоа предлагам да се прифатат жалбите на обвинетите и да се укине првостепената и второстепената пресуда – истакна Спасовска по што доби аплауз од присутните во судницата.

Обвинителката додаде и дека отсуството на сознанија од прислушуваните материјали, кои не ги добиле од СЈО, оневозможува правична и правилна оценка на доказите. -Никогаш не работам во сенка, во темнина, сакам да сум на чистина и на виделина – констатираше Спасовска. Таа додаде дека по правосилноста на пресудата во овој случај, односно откако одлука ќе донесе Врховниот суд, таа има право да поднесе право за заштита на законитоста кое се поднесува во случај обвинителот да им помогне на обвинетите, пишува Фокус.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top