Пресврт: Шпанската лига ги одби парите за клаузулата на Нејмар!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека шпансата Ла Лига денес ги одбила сите 222 милиони евра од ПСЖ колку што изнесува клаузулата на Нејмар, но одбила да ги прими парите!

Најеминентните шпански медиуми тврдат дека адвокатите на ПСЖ денес ја исплатиле целата сума која е потребна за да се активира откупната клаузула на Нејмар, меѓутоа претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас одбил да ја прифати.

Тој веќе најави дека ќе го пријави ПСЖ во УЕФА бидејќи го нарушува Финансискиот фер-плеј и дека нема да ја прифати уплатата.

Во договорот на Нејмар кој е потпишан во октомври минатата година стои дека тој може легално да го напушти клубот ако биде исплатена клаузулата од 222 милиони евра.

Бразилецот се наоѓа на чекор од трансфер во ПСЖ, веќе ги помина медицинските прегледи и се најавуав дека утре или најдоцна во сабота ќе биде промовиран во Париз.

Ла Лига нема право да ја одбие сумата на ПСЖ, но може да бара додатни гаранции и легалност на парите, па се очекува најдоцна до утре да биде и официјално активирана откупната клаузула.