Преседан каков спортот не памети: Шпановиќ остана без медал поради БИЗАРНА причина


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Невидена драма се одигра во финалето во дисциплината скок во далечина на Светското првенство во атлетика во Лондон.

Српската атлетичарка Ивана Шпановиќ најпрво остана без бронза бидејќи во последниот скок за еден сантиметар ја натскока Американката Тиана Бартолета која скокна 6.97 метра.

Меѓутоа, Шпановиќ имаше уште еден скок, одлично го изведе и скокна преку седум метри, што јасно можеше да се види и преку малите екрани.

Во тој момент се чинеше дека Србинката е пред освојување на златниот медал и титулата светска шампионка, меѓутоа на семафорот се покажа резултат 6.91 што предизвика општо чудење.

Имено, при доскокот на Шпановиќ и се откачи налепницата од дресот, а судијата ја измери таа трага, најмалку 10 сантиметри пократко отколку трагата на нејзиното тело.

Ова предизвика голем скандал и своевиден преседан во атлетиката, а Шпановиќ остана бед медел.

Правилата се јасни и велат дека „се мери трагата која се остава при доскокот со било кој дел од телото или било што друго што е закачено на телото“.

Поради фамата која се крена после овој скок, најверојатно повеќе атлетичарите нема да носат налепници со реден број на грбот.