Препорака од Владата за враќање на дневната евтина струја


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Владата ја разгледа и усвои информацијата за воведување евтина дневна тарифа на електричната енергија за домаќинствата.

Како што соопшти владината прес служба, на седницата одржана вчера донесена е одлука да се даде препорака на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија веднаш да одржи работен состанок, со вклучување претставници на0 „ЕВН Македонија“ АД Скопје, Министерство за економија и Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација со економските ресори и во рок од седум дена да подготви анализа за повторно воведување на дневната евтина тарифа на електричната енергија за домаќинствата и измена на тарифниот систем за продажба на електрична енергија на домаќинства и малите потрошувачи.

„Владата на РМ е убедена дека со оваа одлука ќе се направи голем исчекор кон подобрување на еконоската состојба на граѓаните на Република Македонија, а истовремено ќе се поттикне домаќинско работење во јавните претпријатија, стои во соопштението.