Преку неговиот мобилен лоцирано каде бил Чавков за време на крвавиот четврток во Собранието


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во рамки на истрагата, сега е откриено и каде бил раководителот на оперативниот штаб Митко Чавков кој во тоа време беше и директор на Бирото за јавна безбедност, објави телевизија Телма.

Чавков одбил да даде изјава на работната група во МВР а до сега не бил повикан да даде исказ во Јавното обвинителство.

Чавков беше обвинет од министерот Нухиу дека не му се јавувал и не наредил акција на полицијата а ден по инцидентите на единствената прес конференција Чавков не одговараше на никакви прашања.

Кога во ходникот од новинарите бил запрашан каде бил, тој само одговорил дека бил со колегите, без да лоцира место.

Но истрагата сега успеала да го лоцира според позицијата на неговиот мобилен телефон. Со проверка преку базните станици е откриено дека во времето на упадот и на насилствата Чавков бил на стотина метри од Собранието.

Неговиот мобилен телефон бил фатен на базните станици ВМРО, Алмако и италијанска амбасада во триаголникот во центарот на Скопје.