Преговорите започнаа: Гризман на „Олд Трафорд“ за 78 милиони!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Раководството на Манчестер Јунајтед започна преговори со Атлетико Мадрид за евентуален трансфер на Антоан Гризман, пренесуваат англиските медиуми.

Англиските медиуми тврдат дека Жозе Мурињо ангажманот на Гризман го означил како приоритетна задача на клубот од „Олд Трафорд“, а раководството за таа цел спреми 78 милиони евра.

Се верува дека Гризман во Мадрид ќе остане до крајот на актуелната сезона, но Јунајтед сака да го договори трансферот многу порано.

Португалскиот стратег во Гризнам гледа идеален партнер на Златан Ибрахимовиќ во нападот, но и на Пол Погба, кој би можел да одигра важна улога за евентуалниот трансфер на францускиот репрезентативец.

Французинот има договор со „јорганџиите“ до 2021 година, меѓутоа неговиот однос со клубот оваа сезона не е најдобар и наводно сака да премине во поамбициозна средина.

Неодамна и самиот најави дека сака да игра заедно со Погба и дека Премиер лигата најверојатно ќе биде негова следна дестинација.