ОН предупредуваат: Армијата на Мјанмар врши силување врз жените од Рохинг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прамила Патен, специјална претставничка на Обединетите нации задолжена за спречување на сексуалното насилство, изјави дека армијата на Мјанмар врши систематски силувања врз жените од народот Рохинги.

– Слушнав страшни приказни за масовни силувања, за многу жен и девојчиња кои починале како последица на силувањата. Сексуалното насилство е организирано и се врши по наредба, како дел од кампањата за принудно иселување на Рохингите, изјави Патен.

Од почетокот на август, армијата на таа главно будистичка земја во југоисточна Азија ги напаѓа селата на главно муслиманските Рохинги, како одговор на герилски напад што група Рохинџи го изврши врз армиските позиции.

Околу половина милион Рохинги се протерани од Мјанмар во Бангладеш од август досега.