Славни

Пред 20 години глумеше во епскиот „Титаник“ – и денес зема пари за таа улога


Кога пред 20 години епската сага за бродот Титаник ја освои публиката (и речиси сите можни Оскари), тоа значеше светска слава за Леонардо ДиКаприо и Кејт Винслет.

Но, во големиот број актери кои имаа речиси незначителни или некои помали улоги во оваа епска романтична драма беше и Рис Томпсон. Тој тогаш имаше само 5 години и глумеше ирското дете кое со мајката и сестрата се удави во една од најемотивните сцени.

За таа улога добил 30 илјади долари, а во интервју за Business Insider открива дека овој филм и сега му носи по 200 до 300 долари годишно.

„Чудно е бидејќи воопшто не размислувам за тоа. Кога ќе се појави чекот, едноставно си помислувам дека имам уште сто долари повеќе“, вели Томпсон.

Рис има 25 години и се занимава со дигитален менаџмент за едно скијачко одморалиште во Јута. Тврди дека никој во неговото семејство не ни можел да замисли дека Титаник ќе доживее таков успех.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top