Правилото е: Никогаш не играј против Монако на гол повеќе – сигурно губиш!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во француската прва фудбалска лига оваа сезона постои едно правило: Никогаш не играј со Монако на гол повеќе – сигурно ќе загубиш.

Во таква авантура на Велодром синоќа се впушти Марсеј, кој во три наврати успеваше да ја стигне предноста на екипата од Леонард Жардим, но не и четвртиот пат, па четвртфиналето од Купот на Франција замина Монако со вкупни 3:4.

Кнезовите одиграа уште едно продолжение во националниот куп и повторно го надмудрија својот противник, а синоќешниот доста храбро му се спротивстави на лидерот од француското првенство, но факт е дека не му е дораснат.

Џокерот на Олимпик Марсеј беше Реми Кабела, кој влезе во игра во 77 минута, се избори за продолжение, а потоа и изедначи во 110 минута. Сепак, Монако на секој налет на домаќинот го имаше вистинскиот одговор, а така беше и три минути подоцна, кога Лемар играта ја круниса со перфектна акција за својот тим и дефинитивно го скрши отпорот на Марсеј.