Правата вистина за „најскапата песна во кафаната“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во последно време, песната „Пукни зоро“ важи за една од „најскапите песни“ во српските кафани. Секогаш се нарачува кога народот ќе пивне малку повеќе и кога ќе почне да размислува и „мантра“ за животот, љубовта и сè друго што го мачи.

А како што песната стана мега популарна, така се појавуваа и разни приказни за нејзиното настанување.

Песната е стара само неколку години, а ја сместуваа во Првата светска војна и ја поврзуваа со „Железниот полк“, но правата вистина за „најскапата песна во кафаната“, всушност, е многу поразлична. Неа авторски ја потпиша и компонираше популарниот Мањифико, за потребите на филмовите „Монтевидео, Бог те видео“ и „Монтевидео, видимо се“.

„Јас сум автор на песната Пукни зоро и чув за урбаната легенда која се создаде околу неа. Всушност, има повеќе урбани легенди. Една е дека песната е настаната за време на Првата светска војна, а друга дека е настаната во Првата светска војна на Кајмакчалан. Тоа ни беше забавно. Го следиш успехот на песната која излегла до своите рамки. Беше направена за филм, па отиде во кафана, па од кафана се рашири насекаде. Тоа човек не може да го следи. Тоа ме радува и многу ми значи. Во некоја рака, тоа е единственото нешто што некој автор може да го посака. Народот таа песна ја зеде како своја и тоа е врв на авторството“, вели Мањифико за Блиц.

Кога му кажале дека таа сега е една од најскапите песни во кафаните, Мањифико изјави низ смеа:

„Моите пријатели Роми ми кажаа: Мањифико, секоја чест! Најскапата песна. После полноќ, кога ќе ја засвириме, само фрчат пари. Се плаче и се пее. Како да не ми биде мило за тоа“.