Пратеничката Рангелова осомничена за организиран криминал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова, по распитот во Специјалното јавно обвинителство рече дека е осомничена за организиран криминал во 2010 година.

Таа додаде дека, во моментот кога се случувало насилството пред општина Центар, поврзано со донесувањето на Деталниот урбанистички план, за изградба на црквата Св. Константин и Елена, не била на ниту една раководна функција во општинскиот комитет на партијата во Центар.

Според СЈО, Рангелова пополнувала уплатници со уште неколку лица од партијата, но како што рече пратеничката, ќе се изјасни за случајот откако ќе ги види доказите.