Познатиот холивудски глумец банкротира, па сега распродава се што има


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последната вест гласи дека познатиот глумец Џони Деп продал 4 од 5 станови во Лос Анџелес и 3 во Њујорк.

Се смета дека главна причина за неговиот банкрот е луксузниот начин на живот, па Џони својата сметка ја доведил во милиони во минус. Патот од 650 милиони кеш до минус во банка и не е така долг, покажува глумецот. Оваа ситуација со банкротот, воглавно се поврзува со неговиот опуштен стил на живот.

Последната вест гласи дека познатиот глумец Џони Деп продал 4 од 5 станови во Лос Анџелес и 3 во Њујорк за вкупна цена од 120 милиони долари, ама и тоа не е доволно за да ги покрија своите долгови. Затоа популарниот глумец се обидува да ја продаде и фармата со коњи која се наоѓа во Кентакиј, но еве веќе девет месеци не се јавил ниту еден купец. Станува збор за фарма која има две штали со 15 боксови, главна куќа со 7 спални соби, куќа за гости и гаража со 4 автомобили.

Потполно друго прашање е зошто му требаше да купи толку имот, па затоа не случајно го доби прекарот „најголем холивудски купохоличар“

Глумецот поседувал и големи винарии во Франција, но сепак, сопственото вино не му било баш омилено, па трошел пари за некои други вина. Се зборува дека месечно само за вино трошел 30.000 долари.

Наводно, на некој му платил за транспорт на неговото куче и специјално шише вино од Америка до Австралија 400.000 долари.

Непромисленото трошење го доведило и на суд. Не со банките, туку со другите побарувачи на долгови односно со неговите менаџери.

Тој затоа ги отпуштил Џеј Блум и Џоел Мендел, менаџерите кои му ги водеа финасиите околу 2 децении. Ги тужел поради погрешни совети и како оштета барал да му исплатат 25 милиони долари.
Тие му возвратиле со жалба и имале побарување од 560.000 долари како провизија која не им била исплатена.

Тој едноставно не можеше да си приушти таков луксузен начин на живот. Деп и само Деп е крив за финансиските проблеми – изјавуваат неговите финансиски советници. Точно, бившите советници него му биле како семејство, а сега тие истите на суд го вреѓаат дека „го изел алкохолот“.

Адвокатите на Џони, тврдат дека тој ги изгубил милионите само поради нивното лошо менаџирање со финансиите на глумецот.

Тие тврдат дека Џони во неколку наврати го предупредиле за исходот што може да се случи поради прекумерното трошење на пари, па затоа го советувале да потпише предбрачен договор со Амбер Херд, која после разводот му „лапнала“ 7 милиони долари.

Деп според нивните тврдења потрошил преку 75 милиони долари за купување и одржување на 14 куќи, вклучуваќи го замокот во Франција и имотот на приватните острови на Бахами. Дел од својот буџет го потрошил на својата јахта и патување со приватни авиони.