Познати сите детали: Барселона ја подобри понудата за Кутињо


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Медиумите на Островот се уште не се едногласни по прашањето дали Барселона до овој момент испратила официјална понуда за ѕвездата на Ливерпил, Филипе Кутињо.

Во исто време „Тајмс“ излезе со информација дека Каталонците сега испратиле втора подобрена понуда. Според еминентниот новинар Пол Џонс, кој е близок до Ливерпул, Барселона предложила 142 милиони фунти за Бразилецот.

Притоа, 106 ќе бидат платени како основна сума, а останатите 36 милиони ќе бидат исплатени како бонуси. Меѓутоа, во втората понуда бонусите се многу поразлични и се поврзани со бројот на натпревари и трофеи, што значи дека се многу полесно остварливи.

Во првата понуда на Каталонците бонусите беа поврзани со клаузули од типот освојување на „Златна топка“, Лига на шампиони и слично, па Ливерпул не сакаше да прифати.

Истиот извор тврди дека двата клуба се постојано во конатакт и ги договараат последните детали, па многу веројатно дека во следните денови Кутињо и официјално ќе се пресели на „Камп Ноу“.