Познат распоредот во Примера – Ел Класико во декември!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес беше одржан жребот за новата сезона во шпанското првенство, а актуелниот шампион Реал Мадрид сезоната ќе ја отвори на гости против Депортиво Ла Коруња.

„Кралевите“ повторно заедно со Барселона се главни фаворити за титулата, а во првото коло ќе гостуваат на „Риазор“ против Депортиво.

Каталонците новата сезона ќе ја отворат на домашен терен против Бетис, додека Атлетико ќе и гостува на Џирона.

Првиот „Ел Класико“ ќе се одигра на 20-ти декември на „Сантиаго Бернабеу“, а реваншот е на „Камп Ноу“ во финишот на сезоната, односно на 6-ти мај.

Градското дерби помеѓу Реал и Атлетико ќе се одигра на 19-ти ноември на новиот стадион „Метрополитано Стадион“ во Мадрид.

Прво коло Примера:
Атлетик Билбао – Гетафе
Барселона – Бетис
Селта – Реал Сосиедад
Депортиво – Реал Мадрид
Џирона – Атлетико Мадрид
Леганес – Алавес
Малага – Еибар
Севиља – Еспањол
Валенсија – Лас Палмас
Виљареал – Леванте