Актуелно

Познат идентитетот на убиениот и повредениот во престрелката во Чаир


Во крвава оружена престрелка што се случила синоќа околу 22:30 часот во скопската населба Чаир едно лице е убиено, а друго се бори за живот.

Како што дознава порталот Курир, убиеното лице е Исмет А. (викан Кока) од село Блаце кој во престрелка се има здобиено со фатални повреди и умрел во неговиот автомобил „Пасат“ сива боја, на местото каде се случила престрелката.

Тешко повреден е Љ.Ќ., кој живеел недалеку од местото на инцидентот.

Како што неофицијално дознаваме, осомничен или приведен за овој крвав настан нема. Полицијата нема никого приведено според информациите од терен.

Курир уште синоќа побара одговор од МВР „Дали некој е приведен за убиството во Чаир“, но одговор се уште нема.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top