Пожарникар удрен со лопата по глава додека гаснел оган


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако ќе заврши истрагата, ќе биде одлучено дали и каква пријава ќе му биде поднесена на скопјанецот кој денеска со лопата повреди пожарникар, велат од полицијата.

Засега се знае дека повредениот пожарникар бил пренесен на скопските клиники. Тој денеска околу 16 часот од зад грб бил удрен со лопата по главата.

За среќа пожарникарот не е сериозно повреден. Него го повредил маж кој палел оган во стара барака на улицата Павел Шатев, во близина на МВР.