Повторно промена, но на подобро


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бранот врнежи како дојде, така и пројде. Како што и беше најавено брзиот продор на атмосферскиот фронт само на еден ден донесе промена на времето.

Вториот мартовски ден ќе биде сончев и малку ветровит, особено претпладне. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а истиот околу пладне ќе стивне. Само на југоисток ќе биде ветровито во првата половина од попладневните часови.

Наутро температурата ќе биде во дијапазонот помеѓу 2 и 6 степени. Нема да биде топол како во последните денови од февруари заради северното струење, но факт е дека и нема да биде нешто особено свежо.

Максималната вредност на температурата ќе биде во границите помеѓу 12 и 14 степени во западниот, односно помеѓу 13 и 16 степени во источниот крај. На повисоките места температурата ќе достигне до околу 10 степени.

Скопскиот крај  очекува претежно ведро и малку ветровито време . Температурата ќе има минимална вредност околу 4, а максимална до околу 14 степени.