Повторно осквернавена статуата на Меси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Статуата на аргентинскиот фудбалер Лионел Меси е осквернавена по втор пат во Буенос Аирес, а инцидентот се случи во неделата кога непознати вандали „телото го одвоиле од стапалото“.

Ѕвездата на Барселона доби статуа во главниот град на Аргентина во јуни 2016 година, откако објави дека ја напушта репрезентацијата. Статуата беше како дел од кампањата на градоначалникот Хорациј Родригез, кој со тоа сакаше да го натера фудбалерот да ја промени одлуката.

Ова не е прв пат да се случува ваков инцидент. Статуата беше на удар на вандали и на почетокот на јануари оваа година.

Градската управа тогаш брзо реагираше и ја поправи статуата, но се уште немаат откриена кој го извршил вандалскиот чин.

Овој пат статуата е многу повеќе оштетена и извајанато тело е одвоено од стапалото!