Повторно на врвот на најплатени спортисти – во топ 10 и четворица НБА кошаркари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кристиано Роналдо се наоѓа на врвот на најплатени спортисти на најновата листа на магазинот Forbes.

Португалскиот фудбалер во изминатите 12 месеца инкасирал 93 милиони долари од кои 35 легнале на неговата сметка од лиценцирања и спонзорства. Трет по заработувачка е ѕвездата на Барселона и на Аргентина, Лионел Меси со 80 милиони долари.

Во топ 10, според Forbes има четворица кошаркари. Највисоко меѓу нив котира Леброн Џејмс со 86,2 милиона долари, Кевин Дјурант е петти со 60,6 милиони долари, Стеф Кари е осми со 47,3 милиони долари пред Џејмс Харден со 46,6 милиони долари.

Топ 10 спортисти по заработувачка според магазинот Forbes

Кристиано Роналдо (фудбал, Португалија) 93 милиони долари

Леброн Џејмс (кошарка, САД) 86,2 милиони долари

Лионел Меси (фудбал, Аргентина) 80 милиони долари

Роџер Федерер (тенис, Швајцарија) 64 милиони долари

Кевин Дурент (кошарка, САД) 60,6 милиони долари

Ендрју Лак (американски фудбал, САД) 50 милиони долари

Рори Мекилрој (голф, САД) 50 милиони долари

Стеф Кари (кошарка, САД) 47,3 милиони долари

Џејмс Харден (кошарка, САД) 46,6 милиони долари

Луис Хамилтон (формула 1, В. Британија) 46 милиони долари