Повеќе од една година не користи дезодоранс – тврди дека воопшто не мириса лошо


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Блогерката за животен стил Елис Браутигам повеќе од една година не користи дезодоранси и антиперспиранти, а тврди дека непријатната миризба кај неа не е ништо поразлична појава отколку кај другите луѓе кои редовно, секојдневно користат такви козметички препарати.

Дезодорансите добар дел од изминативе години се неизоставен дел од секое домаќинство, а според едно истражување, луѓето во просек годишно трошат по 4-5 такви козметички средства. Секако, има и такви кои сметаат дека нивното користење е штетно за здравјето, а Елис е една од нив.

Иако експертите тврдат дека дезодорансите можат да бидат безбедно козметичко средство ако се избегнува алуминиумот во составот, 22-годишната YouTube блогерка во целост ги исфрли од употреба во нејзиниот секојдневен живот.

„Не смрдам, ви го гарантирам тоа. Но, морам да ви признаам дека истовремено сменив уште неколку други навики во животот, меѓу кои и исфрлањето на месото од исхраната. Сигурна сум дека и тоа има влијание врз миризбата на потта“, порачува таа до гледачите на нејзиниот канал. Елис тврди дека нема непријатна миризба и после вежбањето во теретана бидејќи се храни здраво.

Елис живее на Хаваи и за себе вели дека „се поти како свиња“, но дека дезодорансите ги исфрлила од употреба поради стравот до рак кој не е непозната појава во нејзиното семејство. Таа тврди дека мирисате онака како што се храните. Имено, со потењето телото се ослободува од штетните материи во себе, а ако ги има во помало количество, логично е дека и помалку ќе ги лачи, смета таа. „Телото повеќе се поти во синтетика, а ако облеката ја впие потта, тогаш непријатната миризба ќе се шири од неа и покрај употребата на миризливи дезодоранси“, тврди Елис.

Поради тоа, најчесто носи памучна облека, вискоза и лен, а како антиперспирант препорачува природен кристален део-камен. Станува збор за природен минерал кој се навлажнува со вода и се нанесува на пазувите. На кожата делува антибактериски и го намалува непријатниот мирис. Иако Елис смета дека тоа е единствен прифатлив облик на дезодоранс, не го користи ниту него.