Повеќе нема да биде истиот: Тајната на луксузниот хотел “Waldorf Astoria”


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Култниот њујоршки хотел “Waldorf Astoria” наскоро ќе ги затвори вратите, а кога повторно ќе ги отвори, за три години, само еден мал дел од зградата, во која денес е сместен, ќе служи како хотел, додека останатиот дел ќе се изнајмува.

Хотелот со богата историја од своето отворање угостил голем број славни и познати личности, кои тука не само што престојувале работно, туку и живееле.

“Waldorf Astoria” има голема важност, поради што има и сопствена железничка линија, позната како Track 61, со која ВИП гостите, меѓу кои и американските претседатели, пристигнувале до хотелот.

Овој хотел е изграден кон крајот на 19 век, но зградата, во која се наоѓал е урната во 1929 година, поради просторот потребен за изградба на Емпајр стејт билдинг. Сепак две години подоцна е изградена многу поубава Astoria, која и денес изледа моќно и гламурозно.

Од своето отворање па се до раните ’60-ти години од минатиот век со висина од 190 метри, Astoria се гордееше со титулата највисок хотел на светот, која тогаш му ја предадена на еден хотел во Москва.

Гласот за луксузниот хотел набргу се прошири, па во него почнаа да живеат, а не само престојуваат многу славни личности. Едвард Седми, кој абдицира од престолот, тука живееше дваесетина години. Во ’60-те години со сопругата се доселил и Френк Синатра, а легендарната Мерлин Монро тука живееше кон средината на педесетите години и плаќаше неделно изнајмување од илјада долари. Можеби сега тоа не изгледа многу, но во тоа време, тоа била енормна сума.

Исто така хотелот бил омилено место на сите американски претсдатели, почнувајќи од Херберт Хувер, за време на чиј мандат Astoria е отворена (новата Astoria). Сепак таа традиција ја прекина Барак Обама, бидејќи неговото обезбедување заклучи дека мора да отседне во побезбеден хотел, што и да значело тоа.

Токму и со американските претседатели најчесто е поврзана и споменатата линија Track 61. Таа сообраќала од Големата централна станица се до подножјето на хотелот, така што доколку станувало збор за важен гостин, тој патувал до хотелот по подземен пат и потоа со таен лифт до својата соба.

Овој начин на патување особено го практикувал Френклин Рузвелт. Тој патувал на овој начин, бидејќи верувале или не одредено време успешно го криел фактот дека се наоѓа во инвалидска количка. По него линијата ја користеле уште неколку претседатели, а веќе неколку децении е напуштена.