Потрес во Германија: „Билд“ тврди дека Топџиите му се јавиле нему


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Само што се доби впечаток дека сагата е завршена со информацијата дека Арсен Венгер ќе остане глув на навивачките протести и ќе го води Арсенал и во следната сезона, неколкучасовниот мир беше разбиен од германски „Билд“, еден од најдоверливите извори за Европа кога се вакви вести во прашање, со тврдењето дека Топџиите го контактирале тренерот на Борусија Дортмунд, Томас Тухел, за да се распрашаат за можност тој да го наследи Венгер.

Договорот на Тухел со Борусија Дортмунд истекнува наредната сезона, па дали не е невозможно да се разговарало токму за преземањето на функцијата шеф на стручниот штаб на Арсенал во летото 2018, кога Венгер ќе ја одработи уште таа една година? Посебно затоа што досега, како наследник на Арсен, најчесто беше споменуван Масимилијано Алегри, кому ова лето му истекува договорот со Јувентус.

„Билд“, додуша, говори за преземање на Арсенал од страна на Тухел за ова лето, а овој медиум ретко греши кога се во прашање вакви информации. Всушност, контактот не значи дека паднал и договор. Но, после долгиот пост на Арсенал, веројатно многу навивачи би го посакале звучното име Тухел. И не само навивачите, туку и комплетната островска јавност.

Стен Колимор веднаш забележа дека Тухел е „тренер творец“, а не освојувач. И навистина, Тухел веројатно спаѓа во тесниот круг на луѓе кои не би ја пореметиле определбата на Арсенал кон напаѓачка, пас игра, но не би можел ни да гарантира ни трофеи. Жозе Мурињо, Пеп Гвардиола, Антонио Конте, па и Јирген Клоп – сите тие се многу покомпетентни во тоа.

Се чека го денот кога Венгер конечно ќе ги открие плановите за во иднина. Време е.