Постигнат договор за Комисијата за избори: Претседателот ќе биде од ВМРО ДПМНЕ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Постигната е согласност за состав и претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувања, иако постоеја неразумни барања кои беа поставени од ВМРО ДПМНЕ, ние прифативме претседател на Комисијата да биде од ДПМНЕ се со цел да се откочат процесите во Република Македонија, да профункционираат демократските тенденции, граѓаните да не бидат заложници на било кои политичари или политички партии, рече генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски додавајќи дека целта е на тој начин да се стави во функција Собранието на Република Македонија како највисок претставнички дом на граѓаните во РМ.

Сметам дека ова е потребно и добро затоа што најмногу штета трпат граѓаните на Македонија, исто така штета трпи и економијата. Да создадеме услови да ги откочиме можностите граѓаните, земјоделците, работниците да си ги остварат своите права и да ги добијат парите кои што им следуваат како субвенции и на тој начин Македонија да почне да чекори напред кон просперитет и поинаков начин на функционирање, рече Спасовски.

Како што кажа тој, денеска ќе биде доставен предлог до Собранието за Комисијата за прашања на изборите и именувања да биде формирана на конститутивната седница закажана за понеделник.