Постењето го регенерира панкреасот и помага при дијабетес


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Панкреасот може да се активира за саморегенерација преку еден вид исхрана, односно преку постење, тврдат американски научници. Враќањето на функцијата на овој орган, кој помага при контролирање на нивото на шеќер во крвта, ги повлекол симптомите на дијабетес во експериментите со животни.

Студијата, објавена во магазинот „Cell“, наведува дека исхраната повторно го подига телото. Експертите велат дека наодите биле „потенцијално многу возбудувачки“, имајќи предвид дека постењето би можело да стане нов третман за оваа болеста.

Во текот на експериментите глувците биле ставани на модифицирана форма на „диета кој го имитира постењето“.

Кога луѓето постат, тие поминуваат пет дена со нискокалорична и ниско протеинска исхрана, намалено е внесувањето на јаглени хидрати во организмот, а во истовремено во организмот се внесуваат поголем број на незаситени масти.Тоа наликува на веганска исхрана со ореви и супи, но со околу 800 до 1.100 калории на ден.

Потоа тие имаат 25 дена да јадат што сакаат, па така севкупно се имитираат периоди на празникот (на постот) и гладот.

Претходни истражувања сугерираат дека постот може да го забави темпото на стареење.