Екстра

Пост-панкерски Берлин, 1980-ти – субкултурата во германската столнина


Што ќе се случи кога ќе вкрстите британски панк и „њу вејв“ во тогаш сè уште поделениот Берлин во 1980-те години од минатиот век?

Добивата Neue Deutsche Welle (Нов Германски Бран) или NDW. Ова енергично движење ги сублимираше звукот од пост-панкот прото-електронските вибрации, на сцената материјализирано од мрачните Einstürzende Neubauten предводениод Бликса Баргалд, и андерграунд женскиот бенд Mania D. Сцената беше хедонистичка и енергична, сите беа облечени во црна кожа на некој андрогин „фазон“, со што метафорично им се креваше среден прст на комформизмот. Nick Cave, Birthday Party, Alan Vega, Die Haut, Malaria!, The Swans, Die Goldenen Vampire, The Cramps и Вим Вендерс беа редовна појава во Risiko барот, во куќата Џорџ фон Раух и на други култни места во Западен Берлин. А сето тоа беше систематски фотографирано од апаратот на Илсе Руперт.

Живеејќи во Хамбург, Руперт почна да се занимава со фотографија во 1978 година, која во своето фотографско патешествие фотографираше на сите страни од Источна до Западна Германија, посетувајќи ја нејзината пријателка, пејачката Мона Мур.

„Западен Берлин имаше посебен култен статус за легалност на многу работи. Еднаш кога стапнав таму и ме зафати бранот и движењето, не видов денска светлина со денови. Практично фотографирав сè што ќе видев“, вели Руперт, која потенцира дека обожава хаос, а тоа и го добила таму.


Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top