Последниот мажјак од својот вид 24 часа го чуваат вооружени стражари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Последниот мажјак на светот од северниот бел носорог е тешко болен и во поодминато животно доба.

Последниот машки бел носорог Судан, кој има 45 животински години (пандан на 90-100 човечки години), од 2009година живее во кенискиот резерват Ол Пејет, каде е под 24-часовен надзор од вооружени чувари од персоналот на резерватот.

Се верува дека на светот постојат само три бели носорози, од кои два се женки. Со оглед на тоа дека Судан е престар за природно размножување (да беше човек, според староста, ќе имаше меѓу 900 и 100 години), резерватот во кој живее лани почна да собира донации за медицински потпомогнато оплодување.

Но, за жал, изгледа дека сепак е прекасно за тоа, бидејќи на неговата нога минатата година се појави длабока инфекција. Судан се опорави од неа, но под старата, се појави нова, многу подлабока инфекција.

На страната од резерватот напоменуваат дека се многу загрижени за неговото здравје, како и дека не сакаат Судан да страда без причина.