Актуелно

Поскапување или поевтинување на струјата од први јуни?


Енергетските компании ЕЛЕМ и ЕВН веќе ги доставиле пресметките за трошоците направени за период од една година според кои регулатроната комисија за енергетика одлучува дали ќе ја зголеми или намали регулираната цена на струјата.

До крајот на месецот и МЕПСО ќе ги достави пресметките.

Компаниите одбегнуваат да дадат информација дали со огледна трошоците побарале и зголемување на цената на струјата, освен ЕЛЕМ од каде што уште во јануари кога вршеше дополнителен увоз на стурја поради крајно ниските температури најавија дека нема да бараат зголемување на цената а струјата.

Регулаторната комисија треба до крајот на јуни да определи цена на струјата која ќе важи во период од една година, почнувајќи од 1 јули.

Граѓаните моментално плаќаат 5,56 денари за киловат час потрошена струја во скапа тарифа и 2,78 денари за потрошен киловат час електрична енергија во евтината тарифа. Минатата година цената на струјата се намали за 0,25 отсто.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!