Порошенко обвинува: Северен тек 2 е одмазда кон Украина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Украинскиот претседател Петро Порошенко ја критикуваше изградбата на проектот Северен тек 2, нагласувајќи дека гасоводот не се раководел според економски или енергетски цели, туку, како што истакна, е потребен за одмазда на Киев, пренесува РИА Новости.

Во интервју за украинска телевизија, Порошенко изјави дека новиот гасовод на Москва, има за цел да ја лиши Украина од две милијарди долари кои сега ги добива за транзит на гориво.
Порошенко тврди дека Русија сака да и се одмазди на Украина за поразот на Стокхолмскиот арбитражен суд.